ВНИМАВАЈТЕ: Грчките цариници на штрајк - ограничен влез на возила на „Богородица“ и „Меџитлија“

Грчките царински службеници од ноќеска на полноќ започнуваат 24 часовен штрајк, поради кој ќе има изменет сообраќаен режим на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“.

На двата гранични премини во наредните 24 часа нема да се одвива сообраќајот на товарни моторни возила. Најавено е сопирање на секаков влез или излез на товарните моторни возила. На граничниот „Меџитлија“ ќе има измени и во патничкиот и автобускиот сообраќај. Возилата од оваа категорија ќе се пропуштаат повремено, а на „Богородица“ патниот и автобускиот сообраќај ќе се одвива нормално, известуваат грчките власти.

На граничниот премин „Стар Дојран“ не се најавени ограничувања на сообраќајот.

08.07.2014 - 23:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега