Внимавајте: Грчките цариници штрајкуваат - ограничен влез на возила на „Богородица“ и „Меџитлија“

Грчките царински службеници од ноќеска на полноќ започнаа 24 часовен штрајк, поради кој има изменет сообраќаен режим на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“.

Патничките возила и автобусите се пропуштаат нормално на Дојран и Богородица, но, на Меџитлија тие се пропуштаат повремено во одредени временски интервали. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ напоменува дека информацијата се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. 

09.07.2014 - 08:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега