Аспиратор запали зграда во скопски Аеродром

Утрово околу 5 часот избувнал пожар во призмените простории на станбената зграда 114 на бул. „АВНОЈ“ во Скопје. Со брза интервенција на противпожарната единица пожарот е локализиран.

Од Противпожарната единица информираат дека причина за избувнување на пожарот е неисправен аспиратор.

По интервенцијата со три возила и 10 пожарникари, констатирано е дека има причинето минимална материјална штета.

најчитано сега