Скопската полиција не простува - “летнаа“ казни за 67 возачи

Скопската сообраќајна полиција вчера уловила и казнила 67 несовесни возачи.

Казни заработиле 11 возачи кои непрописно претекнувале, девет возачи кои возеле под дејство на алкохол, четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 кои возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 20 кои возачи ги управувале возилата по истекот на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 13 возачи кои не го носеле заштитниот шлем за време на управување на велосипед со помошен мотор, мопед и мотоцикл.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 50 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира едукативни предавања во детската градинка „Мајски цвет“, објект „Тафталиџе“, која се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

За денеска не се најавени вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

09.07.2014 - 09:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега