Јахјага остро го осуди палењето на македонското знаме

Претседателот на Косово, Атифете Јахјага остро го осуди палењето на знамето на Република Македонија на протестите во Приштина, соопштуваат од претседателскиот кабинет.

Јахјага го нагласува правото на протест кое е гарантирано со Уставот на Република Косово со цел да се изрази незадоволство со одредени прашања, но палењето на македонското знаме го оцени како неприфатлив акт. 

Таа побара од надлежните органи на Косово да ги изведе пред лицето на правдата оние кои го запалија македонското знаме.

 

09.07.2014 - 10:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега