ВНИМАВАЈТЕ: Примитивни стапици ги “демнат“ рекреативците на Водно

Примитивни сајли во вид на стапици им се закануваат на животните, но и на посетителите на парк-шумата Водно.

Стапиците кои всушност се наменети за лов на дивеч се жици замотани во лисјата. Ги има покрај патеките на кои се движат рекреативците и претставуваат закана и за кучињата, но, и за дечињата кои трчаат по падините.

Од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“велат дека засега немаат никакви сознанија кои се луѓето кои се одговорни за овие опасни стапици.

09.07.2014 - 11:10
Фото: 
Мкnews.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа