13 години во бегство: Фатен гостиварчанец осуден за убиство

54 годишниот Р.С. од гостиварско Речане вчера конечно бил уапсен и сместен во затвор поради убиство кое се случилопред 13 години. 

Според информациите од тетовската полиција, полициски службеници вчера го забележале Р.С. во близина на станбена зграда во Тетово. Кратко потоа, тетовчанецот бил приведен.

По Р.С. се трага ушште од 2003 година, кога беше осуден заедносо уште еден соселанец за убиството на А.О. (1962)) од Равен. Убиството се случи во селото Речане,во август 2001 година.

По расправија со А.О. еден од осудените пукал во него со автоматска пушка. Едниот речанец веќе ја одлежал затворската казна, додека Р.С. успеавал да јаизбегне полицијата.

 

09.07.2014 - 11:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа