ВИДЕО: Македонија го стегна обрачот околу семејните насилници

Предлог-Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство денеска беше разгледуван на јавна расправа. Овој предлог-закон предвидува поригорозни казни за сторителите, како и нивно отстранување од домот.

-Наша темелна и одлучна определба со овој предлог-закон е превенција на насилството во семејството, но и обезбедување на сигурност и заштита на жртвата на семејно насилство, овозможување помош за надминување на последиците од доживеаното насилство, како и создавање на услови за економско јакнење и интеграција на жртвите. Сакаме да изградиме ефикасен и одговорен систем на заштита каде ќе се вклучат сите релевантни чинители со превземање на конкретни мерки во оваа насока. МТСП со ова предлог решение бескомпромисно ја зајакнува борбата против семејното насилство во сите свои облици и форми, рече денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Спасов темелно го презентираше предлог-законот кој наиде на голема поддршка од Обединетите нации. Претставникот на истакна дека Македонија оди огромен чекор напред и треба да биде пример за останатите земји.

 

Поради важноста деталите од овој закон, го пренесуваме целото излагање на Спасов на денешната расправа.

 

Видео: Курир

09.07.2014 - 12:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега