Ставрески: Отписот на доглови ќе заврши до октомври

Владината мерка за еднократен отпис на долговите на најранливите категории граѓани ќе заврши на почетокот на октомври, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој денеска го законското решение пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија.

Првичните проценки, вели Ставрески, се дека ова решени ќе опфати меѓу 50.000 и 100.000 граѓани, но, како што рече, бројката зависи од тоаколку граѓани ќе се пријават и колку од нив ќе ги исполнуваат иусловите.

Граѓаните ќе поднесуваат барања за отпис на долговите во центрите за социјална работа во местото на живеење, во рок од 30 дена од објавување на повикот од страна на Министерството за финансии. За прифаќање на барањето ќе одлучува посебна комисија формирана од министерот за труд и социјална политика.

Како што објасни министерот, ќе се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити класифицирани во категорија Г и Д од страна на банките, а кои не се обезбедени, како и за радио дифузна такса.

Со предложениот закон, додаде министерот заедно со главниот долг треба да се отпишат и каматите, како и трошоците за нотари, извршители.

За отпишаниот долг, објасни Ставрески, доверителите, односно банките, ЕВН, топлификација ќе добијат право на даночен кредит во висина на одреден процент на долгот кој нема да биде повеќе од 10 отсто од отпишаниот долг. Ставрески потенцира дека со сите овие субјекти се направени разговори и за нив е прифатливо да извршат отпис на долгот при што е и прифатлив и утврдениот процент кој максимално се движи 10 проценти од отпишаниот долг.

Според министерот, овој закон е  решение на проблемите на граѓаните кои заради екстерни случувања се соочија граѓаните во Македонија.

- Ова е еднократно решение, кое е одговор на последиците од кризата врз најранливите категории граѓани кои нема во иднина да се повтори. Меѓутоа, поради акумулираните проблеми  поради последиците од светската и европската криза се сметаше за најсоодветно за Македонија, истакна министерот за финансии.

Отпишувањето на долгови ги опфаќа трите најранливи категории граѓани, односно корисниците на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години.

 

За првите две категории да ја користат оваа мерка, требада немаат остварено дополнителни приходи поголеми од 105.600 денари во 2013 година и да не поседуваат друг имот освен станот или куќата во која живеат.

 

Ставрески потенцираше дека предложениот закон претставува реализација на едно од најзначајните ветувања и најзначајните проекти во Програмата на Владата за 2014-2018.

09.07.2014 - 13:14
Фото: 
Република
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега