Уште едно прскање против досадните комарци

На 11. и 14. јули ќе се изврши втората авиодезинсекција прскање против возрасни комарци со широкопојасен инсектицид.

Прскањето против комарци ќе се спроведе на 4 локации утврдени како приоритетни од страна на Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство.

Дезинсекцијата ќе биде извршена на вкупна површина од 4.400 хектари по воздушен пат.

 

На 11. јули ќе се прска во општина Дојран на вкупна површина од 1000 хектари и во општина Чешиново-Облешево на површина од 900 хектари, а на 14. јули ќе се изврши прскање во општина  Охрид на површина од 1500 хектари, како и во општина Ресен на површина од 1000 хектари.

Препаратот за прскање (Аква К-отрин) кој ќе се употреби при престојното прскање, е со брзо почетно дејство, висока ефикасност, минимална доза и со висок коефициент на безбедност, согласно препораките на Светската здравствена организација за заштита на населението и неговата животна средина.

 

Прскање против комарци се изврши и во месец јуни, во пресрет на летниот период и туристичката сезона, се со цел да се намали присуството на комарци.

 

09.07.2014 - 13:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега