Џејми Оливер го промовира македонскиот ајвар

Најпознатиот готвач, Џејми Оливер, го промовира македонскиот ајвар ширум светот.

Македонскиот ајвар неодамна е претставен и на глобалниот пазар во Велика Британија, и тоа од британскиот славен готвач Филип Еванс: - Сечија тетка ја има најдобрата верзија, а луѓето имаат страст за ајварот,  објаснува Еванс кој дошол во Македонија со сопругата Ана, кога добил работа во невладина организација.

Сега за сега, ајварот на Еванс „Пелагониа“ најмногу се продава низ Велика Британија, но и во 13 други земји, од Норвешка до Дубаи.

- Нашиот ајвар беше промовиран и од Џејми Оливер и Отоленги, кои испраќаа рецепти и тоа имаше одлични ефекти врз продажбите – раскажува Еванс.

09.07.2014 - 14:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега