Автомобили се искршија во Неготино - еве ги деталите

Уште една страотна сообраќајка ја потресе Македонија. На регионалниот патен правец Неготино-Штип кај подвозникот на излезот од Неготино денеска во 12 часот и 35 минути се случила сообраќајка, во која за среќа немало жртви.

До несреќата дошло кога патничкото  моторно возило „Мерцедес“ со неготински регистарски таблички управувано од жител на Пепелиште се судрило со товарно моторно возило со српски регистарски таблички, при што повредените веднаш биле пренесени во болница, пренесе НеготиноИнфо.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.

09.07.2014 - 14:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега