Одделот за интензивна нега на Детската болница доби нова апаратура

Oдделот за интензивна нега при Клиниката детски болести - Скопје денеска доби нова апаратура - еден аспиратор, четири перфусори (преку кои се дозираат лекови, односно инфузии) и четири пулсоскиметри (за мерење на кислородна сатурација).

Се работи за донација со која е комплетирана првата фаза од кампањата „Шанса за живот“ (која ќе трае до крајот на годинава), за обезбедување опрема за Одделот за интензивна нега при Клиниката, чиј иницијатор е компанијата ОКТА. 

- Веќе ја имаме поддршката на повеќе од 9.000 граѓани кои не следат на социјалните мрежи и добивме донации од неколку стотина граѓани. Убеден сум дека до крајот на годината ќе имаме собрано значителни средства. Заедно со донацијата на ОКТА, кампањата ќе има огромно влијание врз добросостојбата на бебињата и работата на докторите во интензивното одделение, рече главниот изввршен директор на ОКТА, Виктор Папаконстантину.

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова се заблагодари за донацијата, која, како што рече, е од исклучително значење и изрази надеж дека и други компании ќе го следат тој пример.

Кон иницијативата се приклучија многу познати личности од сите сфери од јавниот живот кои ја дадоа својата поддршка со купување на симболот на кампањата – алката „Шанса за живот“. Алките се достапни на повеќе локации во Скопје и на бензинските пумпи на компанијата, по симболична цена. Дел од средствата за продажбата на гориво на бензинските пумпи на компанијата ќе бидат донирани за кампањата.

Средствата од кампањата ќе се инвестираат во нова апаратура за Одделот за интензивна нега, вклучувајќи нови инкубатори, како и за сервисирање на останатите апарати.

09.07.2014 - 15:01
Фото: 
вест
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега