МВР идентификуваше уште 10 учесници на крвавите протести

Министерството за внатрешни работи идентификуваше уште 10 лица кои учествуваа во насилните протести кои се одржаа минатиот петок и сабота. Учесниците се од Скопје, на возраст од 18 до 40 години. Со ова, бројот на идентификувани учесници во протестите против кои ќе следува натамошен прогон, се зголеми на 34 лица, информира денеска министерството. 

24 од лицата ќе одговараат кривично за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствије“. За ова дело предвидена е казна затвор од 6 месеци до 3 години или доколку станува збор за организатор на толпата од 1 до 5 години затвор.

Останатите 10-мина заработија прекршочни пријави, односно издадени им се платни налози за глоба и процесуирани им се прекршочни пријави по Законот за прекршоци од јавен ред и мир. Делата кои им се ставаат на товар се: „постапување спротивно на наредбата на надлежен државен орган или службено лице,“ „неоддалечување од група на луѓе која овластено службено лице ја повикало да се разотиде во прилики кога јавниот ред е загрозен“ и „карање, викање или непристојно и дрско однесување на јавно место“.

МВР ќе продолжи да работи на идентификување на учесниците во насилните протести кои се одржаа во Скопје минатата недела, во кои беа оштетени повеќе згради и дуќани и беа повредени вкупно 32 полициски службеници, како и 10 граѓани.

09.07.2014 - 15:31
Фото: 
Телеграф
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега