И утре пекол - во петок ќе се разладиме со дожд

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен западен ветер, кој на повисоките места и на планините повремено ќе се засилува.

Температурата ќе се вижи од 23 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен западен ветер и со температура до 32 степени.

И во наредните денови ќе преовладува сончево време. Пооблачно ќе биде во петок, кога во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а температурите ќе се намалат за неколку степени. 

09.07.2014 - 16:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега