Реформите во образованието главна тема на средбата Адеми - Орав

Реформите во образованиот систем - тековните и планираните, како и процесот на хармонизација на законите во образованието со ЕУ-легислативата, биле тема на денешната прва среда на министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми со амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Аиво Орав.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, станало збор и за поддршката којашто ЕУ преку ИПА фондовите и ја дава на Република Македонија во насока на развој и унапредување на образованието со подигнување на квалитетот на воспитно-образовниот процес и подобрување на образовната инфраструктура.

Адеми и Орав дискутираа и за неодамна потпишаната спогодба “Хоризонт 2020”, со што Република Македонија добива можност да ги користи придобивките од овој финансиски инструмент за поддршка на истражувањето и иновациите, со цел креирање нови работни места, економски развој и конкурентност.

- Министерот Адеми ја потенцираше јасната определба на Владата на Република Македонија за градење на современ и конкурентен образовен систем, посочувајќи го како пример, токму европскиот модел на образование, стои во соопштението.

Амбасадорот Орав, пак, се наведува, потврди дека и во следниот период, во насока на унапредување на образовниот систем, поддршката од Брисел ќе биде интензивна. 

09.07.2014 - 20:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега