Денеска пекол - утре дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен западен ветер, кој на повисоките места и на планините повремено ќе се засилува.

Температурата ќе се движи од 23 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен западен ветер и со температура до 32 степени.

И во наредните денови ќе преовладува сончево време. Пооблачно ќе биде утре, кога во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а температурите ќе се намалат за неколку степени. 

10.07.2014 - 08:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега