Делегација на ПССЕ во посета на Македонија

Делегацијата на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори и предвремените парламентарни избори во Република Македонија денеска во Скопје ќе биде примена од претседателот на националното Собрание Трајко Вељаноски.

Според информациите од Собранието, членовите на Ад-хок Комисијата на ПССЕ ќе имаат средби и со Александар Николоски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на СЕ и членовите на Делегацијата, со претставник на ДУИ, како и со претседателот на ДПА Мендух Тачи.

10.07.2014 - 08:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега