Крв на скопските улици: Шест лица во болница

Во изминатото деноноќие на скопските улици се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди.

Во петте сообраќајни незгоди биле повредени тројца возачи на автомобил, еден сопатник, еден пешак и еден возач на трактор.

Вчера се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во кои биле пополнет Европскиот извештај.

Скопската сообраќајна полиција фатила и казнила 15 возачи кои по различни основи направиле прекршоци при управување велосипед со помошен мотор, мопед и мотоцикл, 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 14 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Полицијата санкционирала и пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 14 возачи кои ги управувале возилата по истекот на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 10 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 65 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира едукативна поука на тема „Безбедност на мотор“. Едукативната поука ќе се одржи во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба со почеток во 19 часот, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи на велосипеди со мотор, мопед и мотоцикли кои направиле прекршоци по разни основи.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе одржи и едукативни предавања во детската градинка „Пролет“, која се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

За денеска е најавен вонреден настан. Во 10 часот сите стечајци и технолошки вишок работници во Република Македонија ќе започнат протестен собир пред зградата на Сојузот на синдикатите на Република Македонија. Протестот ќе продлжи по ул. „Филип Втори Македонски“ и ќе се движат десно по ул. „11 Октомври“ пред Собранието на Република Македонија, потоа по ул. „Димитрија Чупоски“, десно по ул. „Васил Главинов“ во продолжение по ул. „ВМРО“ и бул. „Илинден“ до пред Владата на Република Македонија. За време на протестот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат поставени служби и во зависност од моменталните состојби ќе се преземаат соодветни мерки за физичко регулирање и пренасочување на сообраќајот. гв/дма/8:42

 

10.07.2014 - 09:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега