Петочки “бум’ на Бит фест - што ќе се случува?

Иницијативата за создавање Битолска опера која потекнува од признати уметници од Битола, ја доби својата прва премиера во 2005 та година со изведба на операта „Дон Пасквале“.

Веднаш после „Дон Пасквале“, следуваа „Бастиен и Бастиена“, „Хераклеа и Ликиниј“, „Свирач на покривот“, „Аптекарот“, „Евита“, а сега Бит фест го најавува најновиот проект на битолската опера – седми по ред. Битолската опера е проект кој успешно се развива, а за потребата од реализација на еден ваков проект говори секогаш големиот интерес од публиката. Најновиот, седмиот проект на битолската опера, „Тhe Opera House“, овојпат битолчани ќе можат да го погледнат како дел од најдолгото и најбогато со содржини културно лето Бит Фест 2014.

Ликовите во Тhe Opera House егзистираат во оперска куќа-сцена каде постојат конвенционални правила на однесување. Тоа е свет- простор- каде реалноста на ликовите станува кошмар. Ликовите се затекнати во несвојствени ситуации во кои мора да бираат меѓу материјалното и духовното, меѓу љубовта и омразата, убавотот и грдото, реалноста и фикцијата. Не постои след на нештата, секој се обидува хедонистичкиот и алтруистичкиот поглед на животот да го преточи во сопствена реалност, само за себе.

Тенденцијата на ликовите е да се спознаат, да ги пребродат искушенијата и да се реализираат во чиста невина љубов. Нивните морални премиси го отвораат прашањето за вистинските  критериуми и вредности на човекот- човек и на уметникот- уметник  притоа оставајќи ја вечната дилема дали вистинскиот живот е на сцената или позади неа. 

 

 

10.07.2014 - 10:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега