Уште една страотна несреќа: Македонци повредени во сообраќајка во Бугарија

Мајка и 11-годишна ќерка од Македонија синоќа заработиле тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила Бугарија во близина на градот Кресна , јавува "Струма".

Несреќата се случила околу 18:40 часот, кога такси возило со македонски регистрации излетало од патот и се забило во дрво. Причините за несреќата се уште се непознати.

Сообраќајката се случила на околу 100 метри на влезот во Кресна. Повредени биле 11 годишно девојче кое заработило фрактура на раката и нејзината мајка која имала силна стомачна болка. Повреди заработила и братучетката на жената, која е со фрактура на колк. 44-годишниот возач на "Шкодата" заработил торакална траума и со сомнежи за скршени ребра.

Повредените било итно пренесени во благоевградската болница. Двете жени и детето се задржани на Ортопедија, додека мажот е сместен на хируршкото одделение.

Се работи на откривање на причините за несреќата.

10.07.2014 - 10:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега