Ги снајде ужас: Повредените Македонци се враќале од лекарски преглед во Софија

Македонците кои вчера беа повредени во тешката сообраќајка која се случи во Бугарија во близина на градот Кресна, се враќале од лекарски преглед во Софија.

Несреќата се случила околу 18:40 часот, кога такси возило со македонски регистрации излетало од патот и се забило во дрво. Причините за несреќата се уште се непознати. Повредени биле 11 годишно девојче кое заработило фрактура на раката и нејзината мајка која имала силна болка во стомакот. Повреди заработила и братучетката на жената, која заработила фрактура на колк. 44-годишниот возач на "Шкодата" заработил торакална траума и има сомнежи за скршени ребра.

Деталите од несреќата прочитајте ги тука.

10.07.2014 - 11:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега