Викендов ќе се спасиме од досадните комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека третиот наврат на авионската аеросолна дезинсекција во 2014 година против комарци, на подрачјето на Скопје, ќе се одвива во деновите од претстојниот викенд, во сабота и недела од 5 30 до 8 часот.

 Третиот наврат на терестричната аеросолна дезинсекција (прскање од земја) против комарци, на подрачјето на Скопје, ќе се одвива во деновите од 13.07.2014 до 17.07.2014 (од недела до четврток), во периодот од 23 часот па се до 03 часот, наредниот ден.

 

 Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

 

 Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

10.07.2014 - 11:15
Фото: 
журнал
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега