Доаѓал пешки од Албанија до Струга само за да краде

24 годишниот М.М. од албанското село Котодеш си заработи кривична пријава и 8 дневен притвор поради сторени три тешки кражби во струшко.

Како што информира полицијата, М.М. во периодот од 1. мај до 8. јули годинава опустошил три македонски цркви - „Св.Петка“, „Св.Архангел Михаил“, и „Св.Недела“ во струшко Радожда. Тој нелегално ја преминувал македонско-албанската граница, правел обиколка низ Радожда и во погоден момент, провалувал во црквите и од нив украл околу 3.000 денари.

Откако ги пустошел црквите, М.М. по нелегалниот пат се враќал во родното село во Албанија. 

 

10.07.2014 - 11:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа