Ви стојат на располагање: Врие доктори во скопски Аеродром

ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ во соработка со Општина Аеродром во текот на летниот период на повеќе локации низ општината организира акции со бесплатни превентивни прегледи и совети за заштита од топлотните бранови.

Акциите за бесплатните превентивни прегледи и делење совети за заштита од топлото време во периодот од 18:30 до 21:30 часот ќе се спроведат на повеќе локации на територијата на општината, и тоа: парк „Јане Сандански“ на 11.7.2014 година, кај паркот со езерата на 16.7.2014 година,  пред ТЦ „Бисер“ на 21.7.2014 година и во паркот „Аеродром“ на 26.7.2014 година.

Според општите препораки за полесно справување со високите температури, пожелно е граѓаните да конзумираат здрава и свежа храна, да пијат повеќе вода, да носат лесна и светла облека и да не се излегува непотребно надвор во период од 11:00 до 17:00 часот.

Акцијата ја спроведуваат медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ во рамки на програмските активности на Министерството за здравство.

10.07.2014 - 11:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега