ФОТО: Млада мајка ја запалила скопската Детска клиника

Maлолетна девојка од Шуто Оризари е одговорна за пожарот кој синоќа избувна на Детската клиника во Скопје, дознава Плусинфо.

Според информациите на порталот, младата мајка, пред да тргне да го дои своето бебе кое на Детската клиника било примено како итен случај, пушела цигара во оставата на петтиот кат од болницата. Пожарот настанал откако мајката невнимателно ја оставила цигарата во оставата.

Вработените во клиниката навреме го забележале пожарот, повикале пожарникари и ги евакуирале децата од Одделот за доенчиња и цистична циброза. За среќа, во пожарот беше предизвикана само материјална штета,

 

Според информациите на Плусинфо, детето на малолетничката која го предизвикала пожарот, имало бронхитис и итно било хоспитализирано. Кога започнало примопредавањето на смените, мајката го земала бебето од собата, ставила две цигари на ушите и излегла. Седнала на столче во малата соба која се користи како магацин, повлекла неколку дима и ја фрлила цигарата, чиј жар ги потпалил запаливите предмети. Пожарот проголта детска инвалидска количка, два искористени детски душеци и хартија.

Како последица од пожарот, неколкуте ходници низ болницата, како и тој на Одделот за доенчиња денеска мирисаат на чад.

 

 

 

10.07.2014 - 11:56
Фото: 
Плусинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега