МВР продолжува да ги лови: Идентификувани уште десет насилници од протестите

Министерството за внатрешни работи идентификуваше и кривично пријави 10 лица кои учестувале во насилниот протест кој се одржа во неделата во Тетово, кога беа повредени шестмина полицајци и тројца граѓани.

Двајца од пријавените, тетовчаните И.Н (38) и Ф.М (41) ќе одговараат за “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ и – “напад на службено лице при вршење работи на безбедност“, додека другите псум идентификувани, М.Е.(32), Б.Д (32), Б.З (40), Б.И (32), Ј.И (31) , С.А (32) и Ш.И (64) од Тетово и Г.М (32) од Долно Палчиште ќе одговараат за “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.

Како што информира полицијата, И.Н. и Ф.М. физички нападнале двајца полицајци при што на едниот од нив му нанеле и телесни повреда, додека сите десет не ги почитувале наредбите на полициските службеници, фрлале камења, влечеле заштитни огради и ги туркале полициските службеници.

Сите десетмина вчера биле повикани во СВР Тетово, а  И.Н. и Ф.М. се задржани и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија во претходната постапка на Основниот суд Тетово. МВР продолжува да работи на идентификување и на други учесници во протестот кои насилно се оденесувале.

 

10.07.2014 - 13:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега