Иванов го посети Центарот за обука на вода во Охрид

Maкедонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска го посети Центарот за обука на вода во Охрид, каде се спроведуваат подготовки за воено-показната вежба што на 16-ти овој месец ќе се изведува на Охридското Езеро.

- Тука ги видовме сите услови што ги нуди кампот за обуките потребни за припадниците на АРМ, што ги исполнуваат сите НАТО стандарди за обука, особено на специјалните сили и нивна подготовка за изведување соодветни активности, рече Иванов.

Вежбата треба да се одржи на Охридското Езеро, кај Радожда. Во вежбата, покрај редовните единици ќе биде вклучен и Полкот за специјални операции.

- На вежбата ќе се демонстрира подготвеноста на Армијата за дејствување и реакција во специфични услови и активности на вода. Тоа е еден вид подготовка и тренинг за реакција на Полкот со соочување со какви било предизвици, истакна Иванов. 

10.07.2014 - 13:34
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега