Jанкулоска: Нема да дозволиме група насилници да создава хаос

MВР идентификуваше десет лица кои учествувале на насилните протести кои се одржаа во неделата во Тетово, кога беа повредени шестмина полицајци и тројца граѓани. Министерката Јанкулоска најави дека МВР ќе продолжи да работи на идентификување на учесниците кои беснееле и дека нема да дозволат група насилници да предизвикува насилство и да го нарушува законот.

- МВР изминативе седум денови  ги следи состојбите интензивно работи да ги иднетификуваме лицата кои го прават тоа. Нема да дозволиме група насилници да предизвикува насилство и да го наршува законот. Нема да правиме разлика кој објавува текстови и фотографии кои повикуваат на насилство и меѓуетничка нетрпеливост. МВР има капацитет да се справи со ваквите сосотојби, потенцираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

При посета на полициската станица Гостивар, Јанкулоска присуствуваше на отварањето на објектот за работа со деца.

10.07.2014 - 13:58
Фото: 
А1он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега