Груевски повика на смиреност: Нема да толерираме насилни протести

Maкедонскиот премиер Никола Груевски денеска повтори дека државата нема да дозволи насилни протести.

Премиерот апелираше до сите граѓани кои планираат да излезат на протести тоа да го направат на демократски начин.

- Не можам да поддржам и никој во државава и надвор од неа нема да поддржи насилни протести. Институциите нема да го дозволат тоа. Секој протест од кој ќе излезе акт на насилство врз полицијата граѓаните или институциите во Македонија нема да биде толерирано како и во ниту една друга земја, рече денеска Груевски.

Тој потенцираше дека овој апел се однесува и на граѓаните кои утре ќе излезат на најавениот контра - протест.

 

10.07.2014 - 14:13
Фото: 
vmro-dpmne.org.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега