Суарез во Барселона за 88 милиони евра

Ливерпул се договори со Барселона за трансфер на уругвајскиот напаѓач Луис Суарез на "Ноу Камп" за сума од 88 милиони евра.

Прегворите траеја една недела, а како што јавува порталот "Goal.com", трансферот ќе биде официјализиран во наредните 24 часа.

Според истиот извор, лекарски тим на Барселона ќе отпатува во Уругвај, со цел на Суарез да му бидат извршени медицински прегледи.

10.07.2014 - 17:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега