Прверете дали утре ќе останете без струја

Објектот „Пауер“ и дел од корисниците лоцирани на улицата „Скупи“ утре од 18.30  до 21.30 часот ќе бидат без струја.

Во периодот од 8 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Роса Плавева“, „Ленинова“, „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и „8 Март“.

Без струја од 7 до 12 часот утре ќе бидат дел од жителите од селата Студеничани, Батинци, како и корисниците од улиците „6“, „7“ и „8“ во населбата Љубош. Од 9 до 14 часот без струја ќе биде дел од населбата Бел Камен.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекините се технички зафати во електросистемот. 

10.07.2014 - 18:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега