ТРАГЕДИЈА: Полициски хеликоптер се сруши сред Струмица - пронајдени четири изгорени тела

Голема трагедија ја потресе Македонија. Четири лица загинале во хеликоптерска несреќа која пред малку се случила кај Кванташкиот пазар во Струмица, јавува Нова ТВ.

Според неофицијалните информации до кои стигнал порталот, се работи за полициски хеликоптер. Биле пронајдени четири тела изгорени.

Медицински екипи и пожарникарски возила во моментов се на местото на несреќата. Се уште не се потврдени инфомрациите за загинатите. Не се знае ниту дали при падот на хеликоптерот биле повредени и граѓани.

10.07.2014 - 22:53
Фото: 
Телеграф
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега