Полицискиот хеликоптер што се сруши во Струмица удрил во антена?

Полицискиот хеликоптер што се сруши во Струмица и во кој според првичните и неофицијални инфорамции загинаа 4 лица најверојатно удрил во антена, пишува весникот Вест повикувајќи се на неофицијални информации.

„Неофицијално, хеликоптерот удрил во антенски предавател, а според непотврдени информации има и жртви“ - пишува Вест.

Како што веќе објави Press24, медицински екипи и пожарникарски возила во моментов се на местото на несреќата. Се уште не се потврдени инфомрациите за загинатите. Не се знае ниту дали при падот на хеликоптерот биле повредени и граѓани.

10.07.2014 - 23:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега