Ми17 паднал во Струмица - превезувал припадници на Граничната полиција

Хеликоптерот кој вечерва се сруши кај кванташкиот пазар во Струмица бил од типот МИ-17 и пренесувал припадници на граничната полиција, јавува МРТ
 
Причините за несреќата се непознати, а официјлано не се знае бројот на патници. 
 
Сеуште нема официјална информација за бројот на загинати или повредени граѓани во падот на хеликоптерот, но неофицијално дознаваме дека четири тела веќе се извлечени од него.
 
Според информациите пак, на Телма полицискиот хеликоптер летал од Ново Село кон Струмица. Хеликоптерот удрил во антена, изгубил контрола и се срушил. Остатоците од леталото се расфрлани во дијаметар од над 50 метри. Опашката била цела, но, кабината била целосно уништена, јавува телевизијата.
 
Струмичкиот портал Струмицанет јавува дека хеликоптерот се удрил во 140 метарска антена на Македонското радио и потоа се срушил во нивите, на 100тина метри од компаниите во Индустриската зона
11.07.2014 - 00:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега