Крвави улиците на Скопје: Повредени седум лица

Во текот на вчерашниот ден, на скопските улици се случиле вкупно седум сообраќајни несреќи. Една од нив била со тешки телесни повреди.

Според информациите од полицијата, тешката сообраќајка се случила во 12 часот, на булеварот „Александар Македонски“, кога се судриле автомобил „Голф“ со кумановски регистрации, управуван од скопјанец, и автомобил „Шкода“ со скопски регистрации. исто така управуван од скопјанец. Тешки повреди заработил еден од возачите, а полесно повреден бил и еден патник.

Кај останатите шест сообраќајки, во три е констатирана материјална штета, додека во три биле повредени еден возач на автомобил, двајца сопатници, еден пешак и еден велосипедист.

Сообраќајната полиција вчера уловила и казнила двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол, двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 20 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 12 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место и тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 50 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

11.07.2014 - 09:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега