"Си игравме кога видовме како хеликоптерот паѓа" - очевидци раскажуваат за трагедијата во Струмица

Со другарите игравме фудбал и слушнавме како силно „бучи“ хелихоптер. Извикавме „хелихоптер“, и во еден момент се појави нешто како огномет и се смеевме. По 2 секунди излезе оган од него и почна да се превртува во воздухот 3-4 секунди и падна. Експлозијата беше како печурка“. Ова за Радио СтрумицаНет го раскажа 13-годишното момче А.Г. од Добрејци, кое со другарите било на само 200 метри од местото на падот на хелихоптерот, несреќата која вчера ја потресе цела Македонија.

За потсетување, хеликоптерот кој синоќа се сруши во Струмица, се удрил во 140 метарска СБ антена.

Повеќе за несреќата прочитајте тука.

11.07.2014 - 09:59
Фото: 
струмицанет
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега