Уште една црна несреќа во Македонија: Тешко повредени пет млади луѓе

Уште една страшна несреќа се случила синоќа во Македонија. Според информациите од штипската полиција, околу 22 часот се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип - Плачковица, кај археолошкиот локалитет Баргала. Во несреќата се повредени пет лица на возраст од 18 до 20 години.

Сообраќајката се случила кога „Голф“ зад чиј волан бил 20 годишниот штипјанец Б.К. изгубил контрола и излетал од патот. Во автомобилот патувале и четири девојчиња од кои три од Штип и една од Делчево, И.С. (18) од Делчево, Н.С. (18), К.Т. (18) и С.Д. (19), трите од Штип.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова за МИА вели дека возачот и една од сопатничките заработиле телесни повреди, додека три сопатнички заработиле тешки телесни повреди. Две од девојчињата итно биле пренесени на скопските клиники, јавува МИА. 

Полицијата работи на расчистување на случајот.

За само три дена, ова е втора несреќа во источниот регион во која учествуваа млади луѓе. 

11.07.2014 - 11:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега