Познат идентитетот на загинатите во хеликоптерската несреќа

Драги Мицев, Маријан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички. Oва се имињата на четворицата загинати во страотната хеликоптерска несреќа која се случи синоќа во индустриската зона на Струмица. Според информациите на КУрир, четворицата загинати имале преку 30 години стаж во МВР.

Полицискиот хеликоптер кој синоќа се сруши кај кванташкиот пазар во Струмица, бил од типот МИ-17 и пренесувал припадници на грабничната полиција.

Очевидците велат дека леталото доаѓало од правецот на Ново Село кон Струмица. На периферијата од градот хеликоптерот најверојатно удрил во висок предавател и се урнал. Остатоци од хеликоптерот се расфрлани во дијаметар од над 50 метри. Опашот од леталото е цел, но кабината е целосно уништена и изгорена.

11.07.2014 - 11:22
Фото: 
Струмицанет
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега