Детали за хеликоптерската несреќа во Струмица - загинаа Мицев, Трајковиќ, Орешков и Лопатички

Познати деталите од несреќата која ја зави Македонија во црно.

Во хеликоптерската несреќа која се случи вчера во Индустриската зона во Струмица, загинаа Драги Мицев роден 1969 година во Струмица, началник – пилот на хелихоптерската единица со работен стаж од 34 години, Марјан Трајковиќ роден 1967 година во Куманово, пилот – капетан со работен стаж од 37 години, Тоде Орешков роден 1970 година во Рожден – Кавадарци, воздухопловен инспектор за лиценцирање на воздухопловен персонал – пилот со работен стаж од 36 години и Иљо Лопатички роден 1968 година во Битола, командир – пилот со работен стаж од 36 години.

Како што денеска соопшти МВР, хеликоптерот е произведен 2008 година и имал опрема за ноќно летање. Пилотите вчера биле на ноќно летање на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно.  Околу 22 часот, рече Јанкулоска, хеликоптерот МИ17 удрил во антенски столб на македонската радиодифузија. Пилотите, информира министерката, не пријавиле проблем во текот на летот. Подигнати се две црни кутии кои ќе ги прегледа производителот.

Јануловска со солзи во очите рече дека Драги, Марјан, Тоде и Иљо беиле врвот на хеликоптерската единица и најдобриот персонал на МВР. Таа ги опиша како искусни, истакнувајќи дека имале  безброј часови лет  во различни услови и во различни акции.

 

11.07.2014 - 11:47
Фото: 
струмицанет
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа