Викендов ќе се "поремети" сообраќајот - ѕирнете каде нема да се вози

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во сабота и во недела на дел од булeварот Митрополит Теодосиј Гологанов на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до крстосницата со улицата Московска сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.

 Времениот режим се воведува поради изведба на градежни активности –попречни прекопи за поставување подземна инсталација во периодот од 07 – 17 часот.

 Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

11.07.2014 - 13:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега