Почнаа да летаат камења и дрвја кон полицијата - организаторите бараат повлекување на толпата

Почнаа да летаат камења и дрвја кон полицијата и медиумските екипи, јавува Република.

Група демонстранти се обидува да се судри со полицискиот кордон, но, постарите демонстранти ги туркаат помладите за да ги спречат во намерата.

Дел од демонстрантите започнале да ставаат маски и не сакаат да се повлечат, како што од нив бараат организаторите. Тие велат дека полицијата вршела притисок врз Албанците во последните 25 години.

Дел од организаторите на денешниот протест кои дадоа изјави се непознати за пошироката јавност и не се претставија. Тие ги повикаа демонстрантите да се разотидат и следната недела повторно да излезат на мирен протест.

Велат дека дошле мирно да протестираат и да искажат недоверба во институциите. Денеска нема ниту извици Алах е голем и нема знамиња на Саудиска Арабија, јавува Република.

11.07.2014 - 14:43
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега