Новинарка на порталот Нова погодена со тврд предмет

Тензично меѓу демонстрантите на денешните протести во Скопје. Дел од нив инсистираат да се заврши процесот, но, останатите сакаат да го пробијат полицискиот кордон - па така, групите се расправаат меѓу себе.

Според информациите на НоваТВ од терен, неколку камења биле фрлени кон полицијата и новинарските екипи. Тврд предмет ја погодил и репортерката на НоваТВ, Сашка Цветковска.

Дел од демонстрантите се повлекуваат, но, поголем дел се уште се пред Мавровка.

11.07.2014 - 15:11
Фото: 
НоваТВ
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега