ФОТО: Ова се пилотите кои настрадаа во страотната несреќа во Струмица

Началникот на полициската хеликоптерска единица „Јастреби“ и дел од раководниот кадар се жртвите на вчерашната трагична хеликоптерска несреќа која се случи во Индустриската зона на Струмица.

Идентитеот на жртвите денеска го соопшти првиот човек на македонското МВР Гордана Јанкулоска. Таа посочи дека загинатите биле врвни професионалци кои имале преку 30 години работен стаж како пилоти.

 

Во несреќата загинаа: 45 годишниот Драги Мицев од Струмица, началник на единицата "Јастреби", 47 годишниот Маријан Трајковиќ од Куманово, 44 годишниот Тоде Орешков од Кавадарци и47 годишниот Иљо Лопатички од Битола.

11.07.2014 - 15:53
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега