Во понеделник војна ако не ги ослободите Албанците - како српските медиуми ги пренесоа протестите во Скопје

Доколку албанските затвореници не бидат ослободени до 14 јули, Ослободувачката војска Скопје ќе превземе сериозни мерки и масовни напади на македонската полиција, соопштила оваа вооружена формација, пишува српски Телеграф.

На сите критични места во Скопје од утрово се поставени силни полициски сили поради најавениот протест на Албанците и контрапротестите на Македонците, како одговор на Албанските барања да се укине пресудата за доживотна робија за шестмината припадници на албанската заедница осудени за убиството на петмината Македонци, пренесува српски Блиц.

Карактеристично е што овој пат протестите се пропратени со албанските пароли „Алах е голем“ и втората парола „Голема Албанија“, што само покажува дека движењето на екстремниот ислам и целокупното албанско движење влегува во нова фаза, вели српскиот аналитичар Јањиќ за српски Курир.

 

11.07.2014 - 17:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега