ВИДЕО: Снимен моментот кога хеликоптерот удира во предавателот и експлозијата на земја

Ова е видеото од падот на полицискиот хеликоптер кој се урна во близина на Струмица, по ударот во предавателот на МРТ.

Моментот од ударот и падот на хеликоптерот бил снимен од страна на Битолската телевизија Орбис, и на истото може да се види ударот во предавателот на МРТ и подоцнежниот пад и експлозија на леталото на земја.

Хеликоптерот синока околу 22 часот падна кај Струмица а во него се превезувале припадници на граничната полиција. Нема преживеани.

Хелихоптерот летал на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно.

ВИДЕО: ТВ Орбис

11.07.2014 - 17:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега