Албанското МНР до Карајнов - не се мешаме во внатрешните работи на Македонија

Албанското Министерство за надворешни работи, по повод протесната нота упатена до Албанија поради изнесените ставови и изјави за насилните протести организирани во Македонија по донесената пресуда во случајот „Монструм“, на македонскиот амбасадор во Тирана, Стојан Карајанов, му пренело дека ставот на Албанија е на иста линија со загриженоста искажана од меѓународниот фактор. 

Карајнов бил примен во МНР со цел да му биде укажано жалење за недоразбирањата за упатените пораки преку изјавите на албанските функционери. 

При тоа, како што стои во соопштението за јавноста, на македонскиот амбасадор „му била повторена загриженоста  за насилствата за време на протестите“.

- Албанија  останува ангажирана и секогаш на систематски начин ги подржува сувернитетот и територијалниот интегритет на Македонија. На амбасадорот му нагласивме дека овие изјави не може да се сметаат за мешање во внатрешните работи на Македонија. Тие се природен израз на загриженост за создaдената ситуација и во истовреме се порака за воздржаност и изнаоѓање решение, стои во соопштението на албанското МНР. 

Република Албанија, се додава во соопштението, е заинтересирана за изградба на добри меѓусоседски односи со Република Македонија, засновани на меѓусебно почитување, а  Албанците од Македонија не се само мост на соработка, туку значаен  државотворен фактор со значајна улога во стабилноста на Македонија и регионот.

11.07.2014 - 18:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега