ВИДЕО: Тепачката на протестантите кај Бит пазар

Подготвеноста и високата професионалност на полицијата, беше причина денешните протести да не ескалираат.

Протестот започна по петочната молитва кај Јаја Паша, кога група насилници се упатија кон Бит пазар.

Иако организаторот на протестите за процесот „Монструм“ ги замоли демонстраните мирно да си заминат дома, една мала група, околу педесетина од нив, се обиде со камења и дрвја да удри по полицијата.  

Во таквите намери, тие беа спречени од останатите демонстранти, што предизвика и меѓусебни тепачки.

Снимателот на Курир кој беше на терен ги направи овие снимки, од меѓусебните тепачки на демонстрантите.

 ВИДЕО: Курир

11.07.2014 - 19:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега