Драстичен извозен бум од слободните економски зони

Извозот од компаниите во слободните економски зони драстично се зголемува. Во првите шест месеци од годината од ТИРЗ остварен е извоз од над 550 милиони евра. Според податоците, извозот двојно е пораснат во споредба со истиот период лани.

Ова во изјава за Лидер го вели првиот човек на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Виктор Мизо.

Според прогнозите на Мизо, до крајот на годината извозот ќе достигне вредност над 1 милијарда евра.

- 760 милиони евра извоз од ТИРЗ во 2013

- 1, 2 милијарди евра извоз од ТИРЗ во 2014

Главни двигатели на извозот од Зоните се Џонсон Мети, компанија која во јуни рапидно го зголеми својот извоз. Од септември, пишува Лидер, се очекува нов извозен бум, кога „Џонсон Мети“ ќе почне со работа во четвртата линија. Со полн капацитет ќе работат најдоцна до 2016, за кога се очекува извозот да им достигне 900 милиони евра. ГОлем удел во извозот имаат и Ван Хул, Џонсон Контролс во Штип и американската Кемет електроникс.

-Континуирано се бележи пораст на извозот од слободните економски зони. Како што тече времето се повеќе и повеќе компаниите не само што вработуваат повеќе луѓе туку се зголемува и нивниот обемот на производството на компаниите. А истовремено се зголемува извозот од компаниите кои се надвор од индустриските зони како Дрекслермар, Кромерт и Шуберт и Амфенол кои започнаа со работа надвор од слободните економси зони, вели Мизо за ЛИдер.

Лани извозот од слободните економски зони опфаќаше 25 % од вкупниот извоз на земјава, годинава може да надмине и 30 %, вели Мизо. Сето тоа, вели тој, води до намалување на тровскиот дефицит, но и нови вработувања. Со зголемувањето на производството ќе се стимулира и вклучување на домашните фирми како добавувачи за странските компании. Освен раст на извозот, од најавените странски инвестиции се очекува да се отворат и многу работни места и да се намали стапката на невработеност во земјава.

Целата статија прочитајте ја на Лидер.мк

12.07.2014 - 10:40
Фото: 
Нова Македонија
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега