“Џабе“ провод за туристите: Скопје рај дестинација

Консултанската компанијата „Мercer“ објави листа на градови рангирани според трошоците на живот. Скопје се најде на 193-то место, односно меѓу оние со поефтина живеачка.

На листата на Mercer се најдоа 211 градови, кои се споредуваат со Њујорк како основен град. Девизните курсеви, пак, се мерат во однос на доларот.

Според Mercer, главниот град на Луанда – Ангола е најскап град за странците, иако градот не е особено богат. Веднаш зад него се најде Нџамена (Чад), а на третото место на листата е сместен Хонг Конг. Mercer го смести Лондон на 12.место, Њујорк на 16, Сиднеј на 26., Париз на 27. Рим – на 31. Виена се најде веднаш зад Париз, Минхен на 55. и Атина на 78. место.

Од регионот, на листата се најде Софија (172. место), Белград 184., Сараево - 188. и Тирана на 199. место.

Меѓу најевтините градови за странците се Карачи - Пакистан, Уиндхук -Намибија, Бишкек - Киргистан, Исламабад - Пакистан, Манагва - Никарагва, Кејп Таун - Јужноафриканската република, Ла Паз - Боливија, Тунис и Блантаир - Малави.

12.07.2014 - 11:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега